Слив на брегалница




старонка7/7
Дата канвертавання24.04.2016
Памер1.16 Mb.
1   2   3   4   5   6   7

Покрај забраната за риболов за време на мрестењето, а заради поголема заштита и зголемување на популациите не е дозволен риболов на пастрмка и сом во деновите од понеделник до четврток, (со исклучок на државните празници).


Сите случајно уловени примероци од наведените видови, во периодот на забрана мора во жива состојба и неоштетени да се вратат во риболовната вода.
Забрането е секакво изнесување на рибите за кои е определена забрана, нивно убивање, како и ставање во секаков вид на чуварки.
Концесионерот на рибите, имајќи ги во предвид условите во тековната година, а по претходно добиено мислење согласно Законот за рибарство и аквакултура , може да достави предлог за промена, или продолжување на периодот на забрана за одреден вид риби за време на природниот мрест на рибите.


    1. Определување на природни плодишта

На риболовната вода за која се однесува оваа риболовна основа не се определува “природно плодиште” за целосна забрана на рекреативен риболов од причина што мрестот на рибите се врши на специфчни локации кои можат да се заштитат и да се под контрола.


Утврдувањето и регистрирањето на локациите каде се врши мрестот на одредени видови риби е од големо значење за зголемување на густините и количините на риба во риболовните ревири. Најголемите загуби и најдрастичното влијание во смисла на намалување на бројноста на популацијата е кога директно негативно се влијае токму во моментот на мрест. Доколку се настојува да се сочува и зголеми рибниот фонд, како приоритетна мерка треба да се предвиди заштитата на местата каде рибите природно се размножуваат. Од овие причини на риболовните ревири и рекреативните зони во склоп на ревирите на сливот на Брегалница се определуваат специфични локации каде рибите се мрестат и тоа:
2. На риболовен ревир “Брегалница - Делчевски” - се определува локација каде се мрестат топловодни видови риби и тоа од с. Тработивиште до с. Разловци;
8.7. Посебни мерки за заштита на природните плодишта
На локациите каде се мрестат рибите, во периодот на мрест, се забранува секаков вид риболов, освен риболов за научно-истражувачки цели и изведување на вештачки мрест.
Концесионерот на рибите е должен деловите од реките кои се определени како специфични локации, каде се мрестат рибите, како и пристапите до истите, во време на мрестот видно да ги обележи.
Обележувањето да биде со метални табли со димензии 70х50 цм на кои ќе стои дека делот на реката е специфична локација каде се мрестат рибите или природно плодиште и е забранет риболовот во определениот временски период.
Се забранува вршење рекреативен риболов во периодот од 1 април до 30 јули на специфичните локации каде се мрестат топловодните видови риби.
Се забранува вршење рекреативен риболов во периодот од 1 октомври до 1 март на специфичните локации каде се мрести пастрмката.

9. ПРОГРАМА ЗА ПОРИБУВАЊЕ
9.1. Количина и видови на риби по видови и возрасни категории одредени врз основа на биолошкиот потенцијал за секоја риболовна вода за период од 6 години со динамика на годишно ниво

Во периодот за кој се носи основата се предвидува водите од сливот на Брегалница да бидат порибувани со благородни видови риби кои може да се набават од домашните репроцентри и тоа порибувањата да се вршат со: македонска пастрмка, крап, сом, јагула и друга бела риба (клен, мрена, кркушка, попадика и друго).



Порибување со македонска пастрмка:
Порибувањето на рекреативната зона Градче да се изведува со 2.000 единки пастрмка со маса до 10 грама, или со над 20 килограми пастрмка со маса 10 – 70 грама секоја година во наредните 6 години.
Порибување со крап:

Порибувањето на риболовниот ревир Брегалница – Штипски да се изведува со над 70 килограми крап со маса од 50 до 800 грамa секоја година, во наредните 6 години.
Порибувањето на акумулацијата Градче да се изведува со над 100 килограми крап со маса од 50 до 800 грамa секоја година, во наредните 6 години.
Порибувањето на рекреативната зона Пишица ќе се дефинира дополнително, кога браната ќе биде санирана и езерото повторно ќе биде полно.
Порибување со други видови риби

Порибување на риболовните води од “Слив на Брегалница” со други видови риби, различни од наведените, е дозволено и може да се изврши на барање на концесионерот, а по претходно добиено мислење од овластена институција од областа на рибарството изработувач на основата.
Порибување на риболовните води може да се врши и со видови на риби (подмладок и зрели единки) кои не се произведуваат во регистрираните репроцентри, а живеат во риболовните води на Република Македонија. Ваквото порибување е означено како “порибување со транслокација“. Истото може да се изведе на барање на концесионерот, а по претходно добиено мислење од овластена институција од областа на рибарството изработувач на риболовната основа.
Уловените риби за порибување со транслокација треба да потекнуваат од риболовна вода каде се врши стопански риболов или е организиран мелиоративен, селективен или риболов за научно-истражувачки цели.
За порибувањето со друг вид риба, кој не е наведен во риболовната основа, и за порибување со транслокација, концесионерот е должен да го извести Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот земјоделски инспекторат и во прилог да го достави мислењето од овластената институција.

9.2. Период на порибување за поедина риболовна вода со одредени видови риби

Порибувањето да се извршува секоја година во периодот од септември до мај наредната година, а најдоцна до 15 мај, во согласност со условите и временските прилики.



10. КОЛИЧИНИ НА ДОЗВОЛЕН УЛОВ ПО ВИДОВИ РИБИ
Дозволеното количество на улов се дели на риболовни ревири и према податоците за застапеност на одреден вид се одредува и количината на дозволен дневен улов.
Дозволениот дневен улов по видови на риби за риболовните ревири од сливот на реката Брегалница се ограничува на:

Македонска пастрмка

до 2 (два) примероци

Скобуст

до 10 (десет) примероци

Клен

до 10 (десет) примероци

Бела мрена

до 4 (четири) примероци

Црна мрена

до 30 (триесет) примероци

Сом

1 (еден) примерок

Крап

до 2 (два) примероци

Попадика

до 20 (дваесет) примероци

Карас

Неограничено


Максимална дозволена количина на дневен улов на риба е вкупно 3 кг. Тоа значи дека доколку риболовецот во уловот има разни видови на риба, вкупната количина на улов по рекреативен риболовец, на ден не смее да биде поголема од 3 кг, а воедно и не смее да бидат надминати макималните ограничувања за бројот на уловени единки по видови.
Во вкупната количина до 3 кг. влегуваат и сите останати видови на риби кои досигнуваат помали должини (белвица, кркушка и др.).
За видовите “сончаница”, “сребрен карас” и “амурче” нема никакво ограничување и може да се ловат во сите должини и во неограничени количини.
За останатите видови на риби кои не се наведени во пописот нема ограничување во однос на максималниот број на единки.
Концесионерот има можност да го промени количеството на дозволен дневен улов поради намалување или зголемување на популацијата на одреден вид на риба. За да се изврши одредена промена потребно е да побара писмена согласност од овластената установа која ја изработила риболовната основа. По добивање на согласноста, концесионерот е должен писмено да го извести МЗШВ, МРФ и рекреативните риболовци. Промената најлесно и едноставно би се спровела при изработката на Годишниот план (обврска на концесионерот која произлегува од член 17 на Законот за рибарство и аквакултура).


11. ВРЕМЕ ВО КОЕ Е ДОЗВОЛЕН ЛОВОТ НА РИБИТЕ

Време во кое е дозволен риболовот го иззема времето на забрана за природен мрест на рибите. Времето за дозволен риболов е периодот кога рибите природно не се мрестат. Дозволен е улов на рибите по видови, и тоа во следниот период:



Дозволен е улов на рибите по видови, и тоа во следниот период:


Пастрмка

Од 16 февруари до 30 септември









Сом

Од 16 мај до 14 април наредната година

Скобуст

Од 16 мај до 14 април наредната година







Попадика

Од 16. јуни до 04. мај наредната година

Клен

Од 16. јуни до 04. мај наредната година

Крап

Од 16. јуни до 04. мај наредната година







Бела мрена

Од 1 јули до 14 мај наредната година

Црна мрена

Од 1 јули до 31. мај наредната година

За останатите видови на риба рекреативниот риболов е дозволен преку целата година.


За Македонската пастрмка и Сомот, времето за риболов, во горе наведениот период, се дозволува само во деновите: петок, сабота, недела и државен празник.
12. МИНИМУМ И МАКСИМУМ РИБОЛОВНИ СРЕДСТВА
Дозволени риболовни средства за вршење на рекреативен риболов се риболовен прибор и риболовна опрема.
Во дозволен риболовен прибор за рекреативен риболов спаѓаат: риболовни трски, риболовни машинки (орши) и разни видови на природни и вештачки мамки.
При вршењето рекреативен риболов на пастрмка може да се употребува само една риболовна трска, со или без машинка (орша) и задолжителна употреба на вештачки мамки. Дозволена е употреба на следните вештачки мамки: еден блинкер со една јадица (трокрака, двокрака или едникрака) или еден воблер кој може да има до две јадици (трокраки, двокраки или едникраки) или три вештачки мушички кои можат да имаат еднокраки јадици.
При вршењето рекреативен риболов на останатите видови на риби, дозволена е употреба на максимум две риболовни трски со по три јадици на трска или три риболовни трски со по една јадица на трска, со или без машинка (орша) и употреба на сите видови природни и вештачки мамки.
Мелиоративен, селективен и риболов за научно истражувачки цели се врши со риболовен алат кој е дефиниран во Дозволата за вршење на истите, а согласно Законот за рибарство и аквакултура.

13. ЕКОНОМСКА ОСНОВА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА РИБОЛОВНАТА ВОДА СО ПРЕДЛОГ ЗА ВИСИНА НА НАДОМЕСТ:
Висината на надоместокот за концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов е утврден со Законот за рибарство и аквакултура и изнесува одреден процент (%) од висината на издадената риболовна дозвола.
Пресметување на висината на надоместокот за издавањето на годишните дозволи за рекреативен риболов се прави врз основа на одредени параметри и реални трошоци или врз основа на претпоставена цена на дневна дозвола која е изведена и од атрактивноста и посетеноста на риболовниот ревир.
Реални трошоци за пресметување на висина на надоместок се:

  • плати и надоместоци за плата за вработени лица;

  • трошоци за рибочуварска комисија на концесионерот (дневници, гориво, и сл.);

  • потребни средства за порибување;

  • материјални и комунални трошоци за извршување на обврските (банкарска провизија, поштарина, потрошен матерјал за работа на канцаларијата, струја, трошоци за пунктовите за издавање на дозволи и слично)

  • 18% ДДВ од цена на дозволи, за правните лица кои се ДДВ обврзници и

  • 10-20% непредвидени трошоци.


КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА


  • Ангеловски, П. (1990). Компаративна анализа на составот и густината на популациите од хирономидните ларвени населби на реките Бошава и Брегалница. Год. Збор. Биол., Скопје, 41-42:27-41.

  • Apostolski K., Petrovski N., Popovska, O., Sidorovski M. 1956. Ribite na Makedonija, Zavod za ribarstvo na SRM, Skopje

  • Арсов, Г. 1991. Таксономско-биоценолошки анализи и висинска дистрибуција на трихоптерска ларвена фауна на Зрновска река. Магистерска раб., ПМФ, Скопје.

  • European Standard EN 14011 - CEN, 2003. Water Analysis – Fishing with Electricity for wadable and non-wadable rivers, European Committee for Standardization, 2003

  • European Standard EN 14757 - CEN 2005. Water Quality – Sampling of fish with Multi-Mesh Gillnets, European Committee for Standardization, 2005

  • Гашевски М. 1979. Основни хидрографски особености на главните притоки на Вардар во СР Македонија, Сојуз на географските здруженија на СР Македонија, 17, 1979, стр. 33-53.

  • Георгиев С. 1998. Клуч за одредување на рибите (Osteichthyes) и змиорките (Cephalaspidomorpha) од Р. Македонија. Инст. Сточ., Скопје, 178 стр.

  • Georgiev S. 2003. On the origin of the Balkan Peninsula salmonids, Ribarstvo, 61, 2003, (4), 147-174 pp.

  • Georgiev, S., Kostov, V., Nastova-\or|ioska, R. (1998): “Ritroni vo Republika Makedonija so unikatni estetski karakteristiki”, Intern. Sci. Symp. Prosp. Prom. Space Plan. Arrang. Ohrid: 611-629.

  • Georgiev, S., Kostov, V., Nastova-Gjorgjioska, R., Cilevski, A. (1998): “Reproduction of chub Leuciscus cephalus (L i n n a e u s, 1758) from the river Babuna”. Proc. Pap. Dedic. Kiril Apostolski. Inst. Anim. Sci.: 51-61.

  • Георгиев, С., Костов, В., Настова-Гјоргјиоска, Р., Цилевски, А. (1998): “Initial research on the length and weight growth of bream Vimba vimba Linnaeus, 1758 from the river Vardar”, Proc. Pap. Dedic. Kiril Apostolski. Inst. Anim. Sci.:33-42.

  • Georgiev, S., Nastova-\or|ioska, R., Kostov, V., Despotovska, L. (1998): “Odreduvawe kvalitetot na vodata vo rekata Vardar preku ribite i komponentite na ishranata od nivnite digestivni traktovi kako bioindikatori”, 5to Sovetuvawe na vodostopanstvo na Republika. Makedonija, Struga: 167-177.

  • Групче Р. & Димовски А. 1973. Ихтиофауната на реката Вардар, Годишен зборник на ПМФ Скопје бр. 25, 59-99 стр.

  • Икономов, П. (1976): Сезонска дистрибуција на Плецоптера (Инсецта) во однос на температурниот фактор во текустите води на СР Македонија. ВИИ. Пехцевски поток (Малешевска планина). Год. Збор. Биол., Скопје, 29:5-28.

  • Jordanova M., Rebok K., Kostov V., Rocha E., (2008): Liver lesions in barbel (Barbus peloponnesius) from the River Bregalnica - Preliminary data along a suspected pollution gradient, 3rd International Synposium of Ecologists of Montenegro, ISEM3, 8-12.10.2008, Book of abstracts.

  • Karaman S. 1924. Pisces Macednoniae, Split

  • Караман С. 1928. Салмониди Балкана, Гласник Скопског Научног Друштва, Књ. 4, Скопје

  • Караман С. 1937. 10 прилог познавању слатководних риба Југославије, Гласник Скопског Научног Друштва, Књ. 18, Скопје

  • Kitanova D., Slavevska-Stamenkovic V., Kostov V., Marinov M. (2008): Contribution to the knowlege of dragonfly fauna of the Breglnitsa River, Macedonia (Insecta:Odonata), Natura Montenegrina, No7 (2008)

  • Китанова, Д., Славевска Стаменковиć, В., Костов, В., Маринов, М. (2008): Цонтрибутион то тхе кноњледге оф Одоната (Инсецта: Одоната) ларвае оф тхе Ривер Брегалница. Натура Монтенегрина, 7/2: 169-180.

  • Костов В. 2008. Фирст рецорд оф специес Аципенсер рутхенус Линнаеус, 1758 ин то тхе њатерс оф Републиц оф Мацедониа, И Сѕмпосиум фор протецтион оф натурал лакес ин Републиц оф Мацедониа, Охрид 2007, Процеедингс, Суплемент, 2008.210-216 пп.

  • Костов В., (2003): “Значај биоманипулације у решавњу проблема еутрофикације стагнантних водених екосистема, дефиниција, историјат и практична примена”, Монографија, Хидроакумулације – мултидисциплинарни приступ одрживом развоју, , Издавач Придорно-математички факултет Нови Сад.

  • Костов В., (2006): “Примена на биоманипулација со рибни популации во решавање на проблемот со еутрофикација на стагнантни водени екосистеми”, Докторска дисертација, Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје.

  • Kostov V., (2007): Composition of fish community in Strezevo reservoir before and after biomanipulation, Proceedings of III Symposium of Livestok Production with International Participation, 739-746 pp

  • Kostov V., (2007): First record of species Acipenser ruthenus Linnaeus, 1758 in the waters of Republic of Macedonia, XII European Congress of Ichthyology, Cavtat, Croatia, 9-13.09.2007, Book of abstracts, 12 pp.

  • Kostov V., (2007): Ichthyofauna of River Crna (Black River) in Macedonia, XII European Congress of Ichthyology, Cavtat, Croatia, 9-13.09.2007.

  • Kostov V., (2007): Ichthyofauna of River Crna (Black River) in Macedonia, XII European Congress of Ichthyology, Cavtat, Croatia, 9-13.09.2007, Book of abstracts, 163 pp.

  • Kostov V., (2007): Nutrition and growth of Hypophthalmichthys molitrix (Valenciennes, 1844) and Hypophthalmichthys nobilis (Richardson, 1845) from reservoir Strezevo - Two fish species used like biomanipulative tool, Proceedings of III International Conference Fishery, 1-3.02.2007, Belgrade, Serbia, 149 pp

  • Kostov V., (2007): Nutrition and growth of Leuciscus cephalus Linnaeus, 1758 from the Strezevo Reservoir, Macedonia, Proceedings of III Symposium of Livestok Production with International Participation, 731-738 pp

  • Костов В., (2007): Оправданост и ризици од внесување на алохтони видови риби и примена на биоманипулација со рибни популации во Дојранското Езеро, III Конгрес на еколозите на Македонија, Книга на апстракти, 103 стр.

  • Kostov V., (2007): Pumpkinseed (Lepomis gibbosus Linnaeus 1758) like natural feed in nutrition of catfish (Silurus glanis Linnaeus 1758) - Data's of an laboratory experiment, Proceedings of III Symposium of Livestok Production with International Participation, 12-14.09.2007, 747-750 pp

  • Kostov V., (2008): First record of species Acipenser ruthenus Linnaeus, 1758 in to the waters of R. MacedoniA, Ist Symposium for Protection of Natural Lakes in Republic of Macedonia, 31.05-03.06.2007, Proceedings of the Symposium, Supplement I, 2008

  • Kostov V., (2008): Results of ichtiofauna investigation in Macedonian part of Lake Dojran, Ist Symposium for Protection of Natural Lakes in Republic of Macedonia, 31.05-03.06.2007, Proceedings of the Symposium, Supplement I, 2008

  • Костов В., Георгиев С., Настова-Горгјиоска Р., Наумовски М. 1998. Фирст рецорд оф специес Гѕмноцепхалус цернуа Л и н н а е у с, 1758, ин то тхе њатерс оф Р. Мацедониа, Проц. Пап. Дедиц. Кирил Апостолски. Инст. Аним. Сци. Унив. Скопје: 167-172 пп.

  • Kostov V., Kostoski G., Stoilova S., (2008): The fish and zooplankton of reservoir Ratevska – Preliminary data’s, Conference Proceedings, 37th Annual Conference of the Yugoslav Water Pollution Control Society, Mataruska Banja 3-6 June, 2008, pp. 175 – 184.

  • Kostov V., M. van der Knaap, Markoska M., (2008): The collapse of fisheries of Lake Dojran - Reasons, Actual situation and Perspectives, Vth Conference "Great Lakes Of The World", Aquatic Ecosystem Health and Management Society, Addis Abeba, Ethyopia, 26.04. to 05.05.2008

  • Костов В., Наумовски М., Настова-Ѓорѓиоска Р., (2001): “Опис на биоманипулацијата применета во акумулацијата Стрежево”, Реферати и соопштенија, VIII Советување Водостопанство во Р. Македонија, 24-27 Октомври, Струга

  • Kostov V., Petrova D., Hristovska D., Marija M., Ristovska M., Slavevska-Stamenkovic V., (2010): Nutrition satatus of chub (Squalius vardarensis Karaman, 1928) from Pcinja river during summer season – preliminary results, BALWOIS 2010.

  • Kostov V., Rebok K., Slavevska-Stamenković V., Ristovska M., Fish Fauna of River Bregalnica (R. Macedonia) – Composition, Abundance and Longitudinal Distribution, BALWOIS 2010.

  • Kostov V., Ristovska M., Slavevska-Stamenkovic V., Milijanovic B., Paunovic M., (2010): Water quality assesment based on fish fauna and macroinvertebrates, case study on Pcinja River, BALWOIS 2010.

  • Kostov V., Ristovska M., Slavevska-Stamenkovic V., Petrova D., Hristovska D., Marija M., Biocenological investigation of fish fauna from Kriva Reka and Pcinja, Macedonia, BALWOIS 2010.

  • Kostov V., Van der Knaap M., (2009): The collapse of Fisheries of Lake Dojran – Reasons, Actual situation and Perspectives, IV International Conference FISHERY, Proceedings, Faculty of Agriculture, Belgrade-Zemun, 2009, pp.239-246

  • Kostov, V. (1999): “Reproduktivni karakteristiki na ribite od rekata Vardar” Magisterski trud, Skopje, Fakultet za zemjodelski nauki i hrana.

  • Kostov, V., Georgiev, S., Nastova-\or|ioska, R., Naumovski, M. (1998): “Prv naod na vidot Gymnocephalus cernua L i n n a e u s, 1758, vo vodite na Republika Makedonija”, Proc. Pap. Dedic. Kiril Apostolski. Inst. Anim. Sci. Univ. Skopje:167-172.

  • Kostov, V., Naumovski M., Nastova-Gjorgjioska R., (2001): “Antropogenic influence on the ichthyofauna of river Vardar”, International Eco-Conference 2001 Environmental protection of urban and suburban settlements, 26-29 September, Novi Sad.

  • Kostov, V., Naumovski M., Nastova-Gjorgjioska R., (2001): “Reproductive charakteristics of Alburnoides bipunctatus Bloch 1782 from Vardar river Macedonia”, Scientific meating "Zasavica 2001", 27-30 June, Sremska Mitrovica, pp 146.

  • Kostov, V., Naumovski M., Nastova-Gjorgjioska R., (2001): “Spawning season and spawning habit of Chondrostoma nasus (L. 1758) from the river Vardar”, Simposium of livestock production with international participation, Struga 23-25 May,

  • Kostov, V., Naumovski, M., Nastova-Gjorgjioska, R., Zivic, N., (2000): “Reproductive characteristics of Chondrostoma nasus (L. 1758) in Vardar river in Macedonia”, Monografija, IV Jugoslovenski simpozium "Ribarstvo Jugoslavije", 161-167 pp

  • Kottelat M. 1997. European freshwater fishes. An heuristic checklist of the freshwater fishes of Europe (exclusive of former USSR), with an introduction for non – systematics and comments on nomenclature and conservation”, Biologia, Bratislava 52/Suppl. 5,

  • Коттелат М., Фреѕхоф Ј. 2007. Хандбоок оф Еуропеан фресхњатер фисхес, Коттелат, Цорнол, Сњитзерланд анд Фреѕхоф, Берлин, Германѕ.

  • Мендески Р. 1983. Ихтиофауната на Црна Река, Дипломска работа, Природно-математички факултет Скопје.

  • Milijanovic B., Kostov V., Zivic N., Djukic N, Teodorovic I., Stesevic D., (2004): “Characteristics of the bottom macroinvertebrate fauna from Strezevo reservoir and its alimentary water bodies”, Proceedings of the 2nd Congress of Ecologist of Macedonia.

  • Настова-Ѓорѓиоска, Р., Цилевски, А., Георгиев, С., Костов, В., Цилев, Г. (1997): “Квалитативниот состав на компонентите на исхраната на рибите од реката Вардар како индикатор за одредување риболовни ревири од аспект на спортскорекреативниот риболов”, Intern. Sci. Symp. Prosp. Prom. Space Plan. Arrang. Ohrid: 636-645.

  • Nastova-Gjorgjioska, R., Kostov, V., (2000): “Composition and distribution of ichtiofauna in the river Vardar in R. Macedonia”, Zbornik, IV Jugoslovenski simpozium "Ribarstvo Jugoslavije", 62-68 pp

  • Nastova-Gjorgjioska, R., Kostov, V., (2001): “Heavy metals concentration in tissues and organs of Barbus meridionalis from the river Vardar”, Eko konferencija 2000 - Zdravstveno bezbednosna hrana, Novi Sad, pp. 241-247

  • Nastova-Gjorgjioska, R., Kostov, V., (2001): “Longitudinal clasification of river Vardar based on heavy metals content in Barbus pelopponnesius L. muscles”, International conference Krmiva 2001, Opatija, 6-8 Jun.

  • Nastova-Gjorgjioska, R., Kostov, V., (2001): “Nutrition and reproduction of Leuciscus cephalus from the river Vardar”, Simposium of livestock production with international participation, Struga 23-25 May,

  • Nastova-Gjorgjioska, R., Kostov, V., Georgiev, S. (1997): “Nutrition of Chub Leuciscus cephalus (L i n n a e u s, 1758) from the river Babuna”, Ribarstvo, Zagreb.55(1): 53-65.

  • Наумовски М., 1995. Рибите на Македонија, Скопје

  • Наумовски, М., Василевски, Г., Зиберовски, Ј., Костов, В., (1998): “Laser stimulation of salmonid eggs incubated in common city water”, Proc. Pap. Dedic. Kiril Apostolski. Inst. Anim. Sci. Univ. Skopje:77-84.

  • Rebok K., Kostov V., Rocha E, Jordanova M., (2010): Can Rodlet Cells Changes in Barbell (Barbus peloponnesius) From the River Bregalnica Be Used as Biomarkers of Environmental Contamination?, BALWOIS 2010.

  • Šапкарев, Ј. & Д.Вагнер. (1990): Цомпаративе аналѕсис оф тхе струцтуре анд тхе денситѕ оф популатионс оф тхе олигоцхаетес (Аннелида:Олигоцхаета) фром тњо трибутариес оф тхе ривер Вардар, Мацедониа. - Анн. Фац. Сци. Нат. Биол., Скопје, 41- 42:93-102.

  • Šedivá A., Šanda R., Kohout J., Kostov V. & Apostolos A (2006): Genetic divergence and distribution of Barbatula bureschi populations in south-east Europe, Proceedings of 3rd International Conference Loaches of the Genus Cobitis and Related Genera, Biology, Systematics, Genetics, Distribution, Ecology, Conservation, Sibenik, Croatia, 24-29 September 2006.

  • Sipos S., Kostvov V., Milijanivic B., (2007): The first record of Barbatula bureschi Drensky, 1928 (fam. Balitoridae) in Serbia, Pisces Hungarici 2. Debrecen 2007, pp 147-148

  • Slavevska Stamenkovic V., Paunovic M., Atanackovic A., Smiljkov S., Kostov V., Mitic Kopanja D., (2010), Oligochaeta of river Bregalnica from the source region to the dam Kalimanci, BALWOIS 2010

  • Славевска-Стаменковиќ, В. (2007): Биоценолошка анализа на макрозообентосот од акумулацијата Мантово и од вливот на реката Крива Лакавица. Магистерска раб., ПМФ, Скопје.

  • Славевска-Стаменковиć, В., Пауновиć, М., Атанацковиć, А., Смилјков, С., Костов, В. анд Митиć, Д. (2010): Олигоцхаета оф Ривер Брегалница фром тхе соурце регион то тхе дам Калиманци (ин пресс).

  • Velkova-Jordanoska L., Kostov V., Kostoski G., 1 Stojanovski S. RAPD Analysis of Genetic Variations in Barbus Peloponnesius(Pisces, Cyprinidae) from River Vardar, BALWOIS 2010.

  • Velkova-Jordanoska L., Kostov V., Stojanovski S., (2008): Histoloska analiza jetre mrene (Barbus cyclolepis Kar.) iz reke Strumice, Zbornik radova 37 godisnje konferencije o aktuelnim problemima koriscenja i zastite voda, VODA 2008, Mataruska Banja, 3-6 jun, 2008,

  • Vukovic T., Ivanovic B. 1971. Slatkovodne ribe Jugoslavije. Zemaljski muzej BiH, Sarajevo.

  • Живич Н., Милијанович Б., Костов В. (2007), Диверзитет и доминантност на таксонските заедници на Oligochaeta во сливот на реката Ситница, Зборник на трудови од III Конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество, 6-9.10.2007, Струга (во печат)

  • Живич Н., Ранџелович В., Милјанович Б., Пујин, В., Костов В., (2004): “Карактеристики на биоценозата на Душничка Река во услови на антропогено подесување на протокот”, Зборник на трудови од 2-от Конгрес на еколозите на Македонија, 222-230.


Бр._________________

_________________

УКИМ Институт за сточарство

Директор
___________________________

Проф. д-р Васил Костов







Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство



Министер:
_____________________



УКИМ ИНСТИТУТ ЗА СТОЧАРСТВО - СКОПЈЕ

1   2   3   4   5   6   7


База данных защищена авторским правом ©shkola.of.by 2016
звярнуцца да адміністрацыі

    Галоўная старонка