Слив на брегалница




старонка6/7
Дата канвертавання24.04.2016
Памер1.16 Mb.
1   2   3   4   5   6   7

8. МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА И ОДРЖУВАЊЕ НА РИБИТЕ
8.1. Организација на рибочуварската служба (број на рибочувари со основен план за физичка заштита на рибите)
Физичката заштита на рибите од риболовната вода “Слив на Брегалница” ќе се остварува преку организирана, професионална, рибочуварска служба и тесна соработка со инспекциските органи и органите за внатрешни работи.

Имајќи ги во предвид спецификите на теренот рибочуварската служба треба да брои најмалку 1 лиценциран рибочувар за секој определен риболовен ревир. Во работата на истите пожелно е да помагаат и други рекреативни риболовци. Нивната помош би била во: присуство при вршење на контроли како сведоци, помош при евидентирање на прекршителите, фотографирање, снимање и изработка на документација на лице место, пратење на активностите на лицата покрај риболовната вода и навремено известување на рибочуварската служба во случја да има недозволени активности и слично.


Рибочуварите треба да ги исполнуваат условите уредени во Законот за рибарство и аквакултура. Физичката заштита и работата на рибочуварската служба се врши согласно мерките и начините на заштита на риболовната вода и организација на рибочуварската служба кои концесионерот треба да ги дефинира во “План за заштита на рибите”, кој е составен дел на Годишниот план за заштита и стопанисување со рибите одобрен од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство по предходно добиено позитивно мислење од овластената установа – изработувач на риболовната основа.
Планот за заштита на рибите особено содржи:

  • места кои редовно и рутински ќе се посетуваат од страна на рибочуварите со цел контрола на рекреативните риболовци и поседувањето на дозволи за рекреативен риболов и легитимации на рекреативен риболов;

  • број на организирани акции во текот на годината со месечна динамика

  • приближен број на учесници во организираните акции

Рибочуварите треба да водат Дневник за работа со сите дневни активности и начинот на извршување на предвидените активности од концесионерот..


Во време на мрест акциите за заштита на рибите треба да се изведуваат, организирано и по можност во соработка со Државниот инспекторат за земјоделство (инспекциските служби), Министерството за внатрешни работи и Комисијата за заштита на рибниот фонд на Македонската Риболовна Федерација.
Во рамките на можностите рибочуварстката служба треба да биде соодветно опремена. Потребно е да поседува превозно средство, фото, видео и аудио опрема (фотоапарат, камера, диктафон и сл.) и средство за комуникација (мобилен телефон или друг радио уред). Во задолжителната опрема припаѓа и опремата за земање мостри од вода и угината риба. Така опремени, рибочуварите ќе бидат во состојба да обезбедат цврсти и непобитни материјални докази за извршеното прекршочно или кривично дело. Докази кои потоа ќе може да бидат употребени на суд за докажување на делото.
Во работата на истите пожелно е да помагаат и други рекреативни риболовци. Нивната помош би била во: присуство при вршење на контроли како сведоци, помош при евидентирање на прекршителите, фотографирање, снимање и изработка на документација на лице место, пратење на ативностите на лицата покрај риболовната вода и навремено известување на рибочуварската служба во случја да има недозволени активности и слично.
За целосно запознавање на рекреативните риболовци со правилата и обврските при вршењето на рекреативниот риболов на одреден риболовен ревир и рекреативна зона, пожелно е концесионерот да изработи Прирачник за користење на рибниот фонд од одделниот риболовниот ревир.
Прирачникот се издава со секоја продадена дозвола за рекреативен риболов (годишна, еднодневна, седмодневна или петнаестодневна).
Прирачникот, особено содржи:



  1. Кои води се составен дел на риболовниот ревир и кои се граници на истиот (за каде важи издадената дозволата),

  2. Најмала големина под која не смее да се лови одреден вид на риба,

  3. Време дозволено за риболов на одредени видови риби и време на забрана за риболов на одредени видови на риба,

  4. Природни плодишта и период на забрана за риболов на истите,

  5. Количество на дозволен улов на риби по видови,

  6. Дозволен риболовен прибор,

  7. Постапка на рекреативниот риболовец во случај да примети загадување на водата или помор на риби,

  8. Постапка на рекреативниот риболовец во случај со загадување на околината, во и околу риболовната вода.


8.2. Следење на состојбата на водата, заболување и помор на риба како и невообичаено однесување на рибите
Концесионерот е должен да ја следи на состојбата на водата и рибите со цел заштита од загадување и помор на својот риболовен ревир. преку редовната работа на рибочувари, рибочуварите волонтери и сите рекреативни риболовци.
Концесионерот ги запознава рекреативните риболовци за начинот на постапување во случај на загадување на водата и помор на рибите, преку Прирачникот за користење на рибниот фонд од риболовниот ревир

За следење на состојбата со водата потребно е редовно следење на хемискиот состав на повеќе “мерни точки” и тн. “црни точки”.

За следење на состојбата со водата, потребно е редовно следење на хемискиот и бактериолошкиот состав. Се утврдуваат следните мерни точки на реката Брегалница со притоките:


  1. Брегалница по Берово, а пред с. Будинарци

  2. Брегалница 1 км по Делчево

  3. Каменичка Река пред влив во “Калиманци”

  4. Осојница пред влив во Брегалница

  5. Брегалница по влив на Зрновска Река

  6. Брегалница по влив на Кочанска Река

  7. Кочанска Река пред влив во Брегалница

  8. Злетовска Река пред влив во Брегалница

  9. Брегланица пред Штип

  10. Брегалница по Штип кај “Кежовица”

  11. Брегалница пред влив во Вардар

  12. Акумулација Пишица на влив

  13. Акумулација Пишица кај брана

  14. Акумулација “Градче” на влив

  15. Акумулација “Градче” кај брана

Од досегашното следење на состојбата, утврдени се неколку црни точки, каде постои опасност од загадување на водата, а со тоа и труење на рибите. Тие точки се:



  1. Брегалница по Берово, а пред с. Будинарци

  2. Брегалница по Делчево

  3. Каменичка Река пред влив во “Калиманци”

  4. Брегалница по Штип кај “Кежовица”

Анализата на водата би се вршела еднаш до два пати годишно на сите мерни точки и два до четири пати на местата означени како црни точки со посебен акцент во периодот на ниски водостои на реките, кога постои најголема опасност да дојде до загадување. За изведување на анализите би биле потребни финансиски средства и тоа: приближно (40 анализи х 3000 ден.) 120.000 денари, на годишно ниво, или приближно 720.000. денари финансиски средства за шест години.




    1. Планирање на селективен и мелиоративен излов

Во овој период нема потреба од изведување на ваков риболов. Доколку се појави реална потреба, може да се изведе селективен и мелиоративен риболов согласно законските одредби.


Риболов за научно истражувачки цели се изведува согласно одредбите од Законот за рибарство и аквакултура.
Редовно следење на состојбата со рибите во риболовните води се врши преку редовни испитувања според дефинирани методи. Испитувањето на популацијата на рибите се повторува на секоја точка на секои три години. Испитувањето го врши Овластената установа по предходно добиено одобрение од Министерството за земјовелство, шумарство и водостопанство.

Испитувањето на составот и густината на рибната популација би се изведувало на горенаведените точки (“мерни точки” и “црни точки”).


За спроведување на испитувањата на популацијата на риби во реката Брегалница со притоките, потребна е финансиска поддршка од околу 150.000 денари, а за спроведување на двете планирани испитувања (за времето за кое се изработува оваа риболовна основа) потребно е околу 300.000 денари.
8.4. Утврдување на најмалата големина на рибите по видови под која не смеат да се ловат
Одредувањето на најмалата големина под која рибите не смеат да се ловат е во тесна врска со возраста при првото полово созревање. За автохтоната македонска пастрмка границите за најмалата големина на рибите под кои не смеат да се ловат ќе бидат покачени, односно предвидуваме поголеми вредности со цел да се овозможи неколкукратно нивно природно мрестење, а и стимулирање на лов на капитални примероци пастрмка во наредните години. Исто така се покачени и најмалите дозволени мерки и на македонската (белата) мрена, крапот и кленот.
Табела 8. Најмали дозволени риболовни мерки за видовите значајни од аспект на рекреативен риболов:

Вид на риба

Големина под која несмеат да се ловат

Пастрмка

35 см

Бела мрена

35 см

Црна мрена

15 см

Клен

30 см

Скобуст

25 см

Крап

40 см

Попадика

20 см

Сом

70 см


Рибата се мери од врвот на муцунката до крајот на опашната перка, кога перката е нормално отворена.
Сите уловени риби под определената големина, треба внимателно да се откачат од јадицата и неоштетени и во жива состојба да се вратат во водата.
За останатите видови риби кои се помалку значајни од аспект на рекреативен риболов или се во групата на непожелни видови риби не се предвидува заштитна мерка “најмала дозволена риболовна мерка”, што значи дека може да се ловат без ограничување на големината.
Покрај забраната за риболов за време на мрестењето, а заради поголема заштита и зголемување на популациите се воведува:


  • забрана за риболов на македонска пастрмка и во деновите од понеделник до четврток (со исклучок на државните празници).

  • забрана за риболов на сом и во деновите од понеделник до четврток, (со исклучок на државните празници).


8.5. Утврдување на периодот на природен мрест по видови за секоја риболовна вода
Одредувањето на периодот на природен мрест (сезоната на мрестење) има свое практично и научно значење. Иако е карактеристика која што е детерминирана наследно таа сепак, покажува голема варијабилност во однос на различните еколошки фактори. Еден ист вид риба може да покажува разлики во времето, односно сезоната на мрестење кога живее во екосистеми во кои владеат различни услови на температурен и светлосен режим.
Репродуктивниот циклус на рибите е во тесна врска со промените во средината, посебно со промените на температурата и светлината. Овие два фактора, иако не единствени, се од најголемо значење, бидејќи преку сетилните органи директно можат да влијаат врз активноста на жлездите со внатрешно лачење кои произведуваат хормони, кои од своја страна, во континуитет иницираат и регулираат специфични физиолошки одговори.
Од практична гледна точка познавањето на сезоната на мрестење претставува основа при пропишувањето на заштитната мерка “ловостој” или “забрана за излов на риба”.
Почетокот и времетраењето на ловостојот се пропишува со цел да се оневозможи ловење на риба во време на мрестот. Ова значи дека времето за ловостој треба да биде одредено така што ќе овозможи оптимална заштита на рибите кои се мрестат. За да може оваа заштитна мерка да има најголем позитивен ефект треба да се одреди времетраењето и периодот на мрестната сезона за секој од поважните видови риби, а се објект на рекреативен и спортски риболов.
Многу често во минатото како резултат на непочитувањето на науката, се случувало ловостојот да не соодветствува со мрестната сезона и најголемиот дел од уловите на риба да се состои токму од риби кои се во предмрестителна фаза, или на риби во мрест.
Табела 9. Преглед на периодот на мрест на позначајните видови риби од аспект на рекреативен риболов

Вид на риба

Период на мрестење

Пастрмка

15 Ноември до 15 февруари

Сом

мрест во III и IV месец

Скобуст

средина на IV и почеток на V месец

Попадика

крај на IV и цел V месец

Крап

мрест во V, VI и VII месец

Бела мрена

порционен мрест во V, VI и VII месец

Црна мрена

порционен мрест во V, VI и VII месец

Клен

порционен мрест во V, VI и VII месец

Во реката Брегалница најрано започнува да се подготвува и да се мрести сомот (крај на март и почеток на април), потоа скобустот и вардарката (кон крајот на април и почетокот на мај), па кркушката, црната мрена и белата мрената (од првата половина на мај до август). Мрестот на останатите топловодни видови риби започнува кон крајот на месец мај и почетокот на месец јуни, а завршува кон крајот на август и почетокот на септември. Најголемиот дел од рибите е веќе измрестен во текот на месец август. Мрестот во Брегалница е најинтензивен во текот на месец јуни.


За сливот на реката Брегалница, за кој се пишува оваа риболовна основа не треба да се пропишува тотална забрана за риболов во фиксен верменски период.

Заштитата на рибите и влијанието во правец на зголемување на густините на популациите на рибите да се изврши преку:

  • заштита на рибите во периодот на мрест

  • заштита на мрестните локалитети (природните плодишта)

  • порибување

Со цел да се зголеми густината на рибните популации и да им се овозможи природен мрест на поголем број на риби се воведуваа период на забрана за определени видови на риби.


Табела 10. Временски период во кој е забранет лов на риби

Вид на риба

Период на забрана

Пастрмка

Од 01. октомври до 15 февруари







Сом

Од 15. април до 15. мај

Скобуст

Од 15. април до 15. мај







Попадика

Од 05. мај до 15. јуни

Клен

Од 05. мај до 15. јуни

Крап

Од 05. мај до 15. јуни







Бела мрена

Од 15. мај до 30. јуни

Црна мрена

Од 31. мај до 30. јуни
1   2   3   4   5   6   7


База данных защищена авторским правом ©shkola.of.by 2016
звярнуцца да адміністрацыі

    Галоўная старонка