Слив на брегалница




старонка5/7
Дата канвертавання24.04.2016
Памер1.16 Mb.
1   2   3   4   5   6   7

Gambusia affinis – гамбузиа

Опис и распространетост

Гамбузијата е тропска, мала рипка долга се на се неколку см. Машките единки се долги само 3,5 сантиметри, а женските 6 цм. Првиот зрак на аналната перка кај машките е изменет во копулаторен орган (гоноподиум). Вториот и третиот издолжен зрак на аналната перка кај мажјаците се со кукичка на крајот на задниот дел. Подочна темна пега нема, или таа е слабо изразена. Странична линија има и таа е поблизу до грбот. Во неа има 29 до 32 лушпи, кои се релативно големи. Очите се исто така голем и со својот горен раб скоро допираат до горниот раб на телото. Опашната перка е заоблена. Женките се со дебел изразен стомак.


Основни биолошки карактеристики

Кај нас живее во каналите и баричките околу Вардар во средниот и во долниот тек на Вардар. Има податок дека е интродуцирана наменски, како една од мерките за борба со маларичните комарци уште пред Втората светска војна. Иако е мала по димензии гамбузијата уништува огромни количества комарци. Интензивно се исхранува со нивните ларви.


Репродуктивниот циклус на гамбузијата е исклучително брз. Полово созрева за 6 до 7 недели така да за една вегетативна сезона, во зависност од должината на топлиот период на годината, создава 5 до 7 генерации. Оплодувањето е внатрешно, со воведување на спермата преку гоноподиумот во половиот отвор на женката. Рибата постигнува голема бројност, бидејќи женката раѓа по 10-80 млади рипчиња 3 до 5 пати во текот на годината. Првото раѓање настапува еден месец по оплодувањето. Возрасните риби се хранат со разновина храна, меѓу другото и со ларви од инсекти, вклучувајќи ги и маларичните комарци.
Значење

Значајна е како биолошко оружје во борбата со комарците, нема никакво друго значење.


Lepomis gibbosus - сончарка, сунчица, сончаница

Опис и распространетост

Телото на сончарката е високо и силно странично сплескано и има облик на плочка. Најголемата висина на телото се содржи 1,75 до 2 пати во должината на телото. Прекриено е и со ситни лушпи. Усната цепнатинка е мала и не достигнува до очите. Грбната перке е доста голема и непотполно разделена на два дела. Аналната перка е доста слична на задниот дел на грбната перка. Првиот зрак на стомачните и аналната перка се коскени и неразгранети. Во градните перки нема тврди зраци. Целата риба е убаво шарено обоена. Бојата на грбот е маслинестозелена, прошарана со сино, страните се посветли и прошарани со неправилно расфрлени темно портокалови и сиви флеки, какви што има и по главата. Стомакот е портокалов. На жабрениот капак има црна и темно црвена флека. Жабрениот капак и делот позади и под окото се прекриени со лушпи.


Сончаницата природно живее во северна Америка (од Канада до Мексико). При крајот на деветнаесетиот век, пренесена е во Еврока како украсна рипка. Случајно или намерно, раселена е во топловодните рибници и отворените води. Ја има и во нашата држава, во р. Вардар и некои притоки, во повеќе поголеми акумулации, во Преспанскот Езеро, а од неодамна е регистрирана и во Охридското Езеро и Црн Дрим.
Основни биолошки карактеристики

Живее во бавнотечечки и стоечки води. Најповеќе и одговараат бистри бари и езера. Групирана е во помали јата, во крајбережјето покрај некои од подводните препреки (подводни растенија, потопени дрва, корење, камења и сл.)


Кај сончаницата половата здрелост настапува во третата година од животот. Се мрести од април до јули. За мрестење, мажјакот гради со опашката вдлабнати гнезда, во многу плитка вода, во кои женката ги положува јајцата. Икрата ја чуваат двата родитела. Ларвите излегуваат за неколку денови (2-8), зависно од температурата на водата.
Максималната должина што можат да ја достигнат овие риби изнесува 30 см. Просечната големина обично изнесува од 10 до 15 см. Многу е агресивна и граблива риба. Се храни со разни безрбетници и мекотели, со икра од риби и мали рипчиња.
Значење

Поради живописните бои се одгледува во аквариуми. Внесена во рибници, може да направи големи штети на икрата и подмладокот. Има бело и вкусно месо, без ситни коски. Бидејќи нема природни непријатели причинува огромни штети кај автохтоните видови риби со стопанско или рекреативно значење.


Досегашни истражувања и состав на ихтиофауната на реката Брегалница
Ихтиофауната на реката Брегалница е предмет на работа на Димовски и Групче во периодот од 1969 до 1971 година. Резултатите од тоа истражување се објавени во 1971 година (Гимовски и Групче, 1971). Од тогаш па до денес не располагаме со достапни резултати од истражувања на ихтиофауната на реката Брегалница. Од тие причини во текот на 2007, 2008 и 2009 година, истражувачки тим составен од истражувачи од Институтот за сточарство - Одделение за рибарство и Природноматематички Факултет - Институт за биологија, а под раководство на д-р Костов Васил изврши опсежни истражувања на ихтиофауната од реката Брегалница (Костов, 2009 во печат).
Во текот на извршеното истражување беа регистрирани вкупно 23 видови риби од 7 фамилии.
Табела 6. споредбен преглед на регистрираните видови од страна на Димовски и сор (1971) и нашите истражувања извршени во периодот 2007 до 2009 година



фамилија, род по Kottelat (2007)

народно име

2009

1971

I

PETROMYZONIDAE










1

Eudontomyzon mariae (Berg, 1931)

змиорка

да

не

II

CYPINIDAE










2

Gobio bulgaricus (Drencks), 1926

кркушка

да

да

3

Romanogobio elimeius (Kattoulas, Stephanidis & Economidis, 1973)

кеслерова кркушка

да

да

4

Barbus balcanicus (Kotlik, Tsigenopoulos, Rab & Berrebi, 2002)

црна мрена

да

да

5

Barbus macedonicus Караман, 1928

бела мрена

да

да

6

Alburnoides bipunctatus (Bloch, 1782)

вардарка, гомнушка

да

да

7

Chondrostoma vardarense Караман, 1928

скобуст, бојник

да

да

8

Pachychilon macedonicum (Стеиндацхнер, 1892)

мергур

да

да

9

Squalius vardarensis Караман, 1928

клен

да

да

10

Vimba melanops (Heckel, 1837)

попадика, еѓупка

да

да

11

Rhodeus meridionalis Караман 1924

платиче

да

да

12

Pseudorasbora parva (Temmencj & Schlegel, 1846)

чебачок, амурче

да

не

13

Alburnus macedonicus Караман, 1928

плашка, белвица

да

да

14

Carassuis gibelio (Bloch, 1782)

сребрен карас, бабушка

да

да

15

Cyprinus carpio (Linnaeus, 1758)

крап

да

да

16

Rutilus rutilus dojranensis

црвеноперка

не

да

III

COBITIDAE










17

Cobitis vardarensis Караман, 1928

штипалка

да

да

18

Sabanejewia balcanica (Караман, 1928)

златна, балканска штипалка

да

да




NEMACHEILIDAE










19

Barbatula barbatula (Linnaeus, 1758)

вретенушка

да

да

20

Oxynoemacheilus burechi (Drencks, 1928)

вретенушка

да

не

V

SALMONIDAE










21

Salmo macedonicus Караман 1924

македонска пастрмка

да

не/да

22

Onchorhynchus mykis (Walbaum, 1927)

калиф. пастрмка

да

не

VI

CENTRARHIDAE










23

Lepomis gibbosus (Linnaeus, 1758)

сончаница, сунчица

да

не

VII

SILURIDAE










24

Silurus glanis Linnaeus, 1758

сом

да

не/да

VIII

ANGUILIDAE










25

Anguilla anguilla Linnaeus, 1758

јагула

не

не/да

IX

POECILILIDAE










26

Gambusia affinis

гамбусиа

не

не/да

Во табелата 6, претставен е споредбен преглед на регистрираните видови на риби од страна на Димовски и соработниците (1971) и нашите истражувања извршени во периодот 2007 до 2009 година. Димовски опишува 21 вид од 6 (односно 7 фамилии, ако се земе во предвид дека B.barbatula ја води како претставник на фамилијата Cobitidae, а не на Nemаcheilidae каде припаѓа со новата систематизација). Иако опишува постоење на 21 вид, во трудот наведува дека 4 видови не биле уловени во текот на истражувањето, а се наведуваат како присутни врз основа на сведочења на спортски риболовци. Станува збор за: македонска пастрмка, сом, јагула и гамбусиа.


Во ихтиофауната на реката Брегалница во последниве 35 години евидентни се определени промени. Како составен дел на ихтиофауната на Брегалница наведени се вкупно 26 видови од 9 фамилии. Меѓутоа никогаш сите заедно не живееле ниту живеат во реката. Одреден број не се утврдени при новите истражувања, а има присуство на нови видови кои во истражувањата од пред 40 години не биле сретнувани. Во нашите истражувања евидентиравме постоење на 5 нови видови риби кои не се среќавале во Брегалница во минатото и тоа: змиорка, амурче, калифорниска пастрмка, сончаница и “струмичка” вретенушка, а не уловивме ниту еден примерок јагула, црвеноперка и гамбузиа.
Резултатите од последните истражувања на реката Брегалница (2007-2009), покажуваат одредени промени во квалитативниот и квантитативниот состав на рибната фауна по должината на речниот екосистем. Веројатно, малиот број на регистрирани видови на риби во профилите веднаш по големите градови се должи на истовремено влијание на различни извори на полуција.
5.2. Годишен прираст на рибите со поголемо економско значење изразен во килограми по хектар
Имајќи во предвид дека рибите од Брегалница не се ползуваат од аспект на стопански риболов, не може ни да се зборува за застапени видови во рибната населба со поголемо економско значење. Рибите од Брегалница се значајни само од аспект на рекреативен риболов. Од аспект на рекреативниот риболов најзначајни се најчесто и во најголема бројност застапените видови: клен, скобуст, црна мрена, кркушка. Пред акумулационото езеро Калиманци и во самото езеро се ловат крап и сом во поголеми количини.
6. ДЕФИНИРАЊЕ НА РИБОЛОВНИ ВОДИ СО МОДЕЛ ЗА СТОПАНИСУВАЊЕ
6.1. Определување на риболовни ревири

На риболовната вода Брегалница се определуваат следниве риболовни ревири:


Риболовен ревир “Брегалница - Делчевски” - Опфаќа дел од Брегалница од с. Митрашинци до вливот во акумулацијата “Калиманци” вклучувајќи ги сите притоки во овој дел од текот на Брегалница;
Риболовен ревир “Брегалница - Винички” - Опфаќа дел од Брегалница од браната на акумулацијата “Калиманци” до мостот на регионалниот пат Виница - Кочани, вклучувајќи ја и река Осојница и сите притоки во овој дел од текот на Брегалница, како и сите микроакумулации (Блатечка Брана, Трсија и др.).
Риболовен ревир “Брегалница - Штипски” - Опфаќа дел од Брегалница од вливот на Злетовска Река до селото Убого, вклучувајќи ги сите притоки во овој дел од текот на Брегалница (без Злетовска Река)
Делот на Брегалница од изворите до с. Митрашинци (мостот е граница), вклучувајќи ги сите притоки во овој дел од текот на Брегалница се припојува кон рекреативната зона акумулација Ратевска и претставува нејзин составен дел и неделива целина.
Делот на Брегалница од мостот на регионалниот пат Виница - Кочани до вливот на Злетовска Река, вклучувајќи ги сите притоки во овој дел од текот на Брегалница (без Злетовска Река) се припојува кон рекреативната зона “Градче” и претставува нејзин составен дел и неделива целина.
Делот на Брегалница од село Убого до вливот во реката Вардар се припојува кон риболоовниот ревир “Вардар 4 – Велешки“.
Цела Злетовска Река од браната на акумулацијата Кнежево до вливот во Брегалница, вклучително и сите притоки се додава на рекреативната зона ”Акумулацијат Пишица”.
6.2. Определување на рекреативни зони


  1. Рекреативна зона акумулација “Ратевска” - Начинот на организирањето на рекреативниот риболов на рекреативната зона на акумулацијата Ратевска е уреден во посебна риболовна основа.




  1. Рекреативна зона акумулација “Калиманци” - Начинот на организирањето на рекреативниот риболов на рекреативната зона на акумулацијата “Калиманци” е уреден во посебна риболовна основа.




  1. Рекреативна зона акумулација “Гратче” – Обработена во оваа риболовна основа




  1. Рекреативна зона акумулација “Пишица”Обработена во оваа риболовна основа




  1. Рекреативна зона акумулација “Мантово” - Начинот на организирањето на рекреативниот риболов на рекреативната зона на акумулацијата “Мантово” е уреден во посебна риболовна основа.




  1. Рекреативна зона акумулација “Мавровица” - Начинот на организирањето на рекреативниот риболов на рекреативната зона на акумулацијата “Мавровица е уреден во посебна риболовна основа.



7. ДЕФИНИРАЊЕ НА ВОДИ СО МОЖНОСТ ЗА АКВАКУЛТУРА
7.1 Видови на риби со технологија на одгледување
На риболовната вода “Слив на Брегалница” (река Брегалница и сите притоки) е дозволено аквакултурно одгледување на риби согласно одредбите во Законот за рибарство и аквакултура.
Кафезно одгледување на риби е дозволено на акумулационите езера Калиманци, Пишица и Градче.
Кафезно одгледување на риби не е дозволено на акумулационото езеро “Ратевска” - Беровско Езеро.

7.2. Локација и капацитет на посоечките објекти
На сливот на река Брегалница во моментов постојат 8 производни капацитети кои се евидентирани во МЗШВ и тоа:
Табела 7. Локација и капацитет на постоечките објекти

назив на рибникот

година на изградба

риба која се одгледува

проектиран капацитет

во тони

моментална искористеност

општина

Пеком-ЦВ

1996

пастрмка

90

11

Берово

ДООЕЛ Блато

2005

крап

15

4

Берово

ДООЕЛ “Загорка”

1999

пастрмка

4

1

Берово

ДООЕЛ “Рајска Градина”

2006

крап, амур

60

10

Штип

Војо Спасовски

1988

крап

0.5

0.5

Штип

ДПТУ “Медијапарк”

2006

крап

80

20

Свети Николе

ДПТУ “Блатец”

1982

пастрмка

30

300

Блатец

ДПТУ “Рила”

1992

пастрмка

15

1.5

с.Лаки


1   2   3   4   5   6   7


База данных защищена авторским правом ©shkola.of.by 2016
звярнуцца да адміністрацыі

    Галоўная старонка