Слив на брегалница




старонка2/7
Дата канвертавання24.04.2016
Памер1.16 Mb.
1   2   3   4   5   6   7

Според резултатите добиени во текот на периодот на истражување V, VI, VII 2003 - III, IV 2004 година (прикажани во Табела 4; според Славевска-Стаменковиќ, 2007), вкупната густина на макрозообентосот од вливот на Крива Лакавица во Мантово се движеше од 1289,79 инд/м² (тиња, јули) до 12766,8 инд/м² (вегетација, мај). Со цел да се проследи бројната застапеност на претставниците на макрозообентосот на одделни подлоги, направен е сумарен преглед за неговата микродистрибуција. Подлогата вегатација претставува микростаниште најгусто населено со претставници од бентосната фауна (просечна густина од 7971,39 инд/м2), кое во споредба со другите подлоги (чакал, тиња) обезбедува поголеми хранливи ресурси за рибната фауна.


Табела 4. Динамика на макрозообентосот од вливот на реката Крива Лакавица (Т1) во периодот V, VI, VII 2003 - III, IV 2004 година.
Месеци / Подлоги


Вегетација

(инд/м2)


Чакал

(инд/м2)


Тиња

(инд/м2)

Средно месечна густина (инд/м2)

V

12766,8

1390,77

2708,1

5621,89

VI

5195,88

2013,42

1813,05

3007,45

VII

5787,96

4948,02

1289,79

4008,59

III

8679,69

4135,59

2565,81

5127,03

IV

7426,62

3575,61

3382,83

4795,02

Сред.мес.густина по подлоги (инд/м2)

7971,39

3212,68

2351,92

Просечна густина =4512



4.4. Останати поважни видови риби

Во водите на реката Брегалница, во рамките на водоземци се среќаваат видови на Rana ridibunda, Rana graeca и Hyla arborea, додека од влекачите се сретнуваат Natrix teselata и Natrix natrix. Од раковите се сретнува Astacus astacus. Слатководниот рак во минатото редовно се сретнувал по целото течение на реката. Денес неговата популација е дрстично намалена и е доведена во прашање. Како основна причина за намалувањето на популациите на речниот рак и неговото потполно исчезнување од определени делови на текот е загадувањето и силниот антропоген притисок


5. ВИДОВИ И КОЛИЧИНИ НА РИБИТЕ – ИХТИОМАСА
5.1. Квалитативно - квантитативен состав на ихтиопопулацијата со застапеност на поедини видови во проценти односно масен удел на поединечен вид во вкупната ихтиомаса






Змиорка – Eudontomysom mariae

Сом - Silurus glanis





Македонска пастрмка - Salmo macedonicus

Калифорниска пастрмка - Onchorhynchus mykis





Вардарка - Alburnoides bipunctatus

Плашица - Alburnus sp.





Црна мрена - Barbus balcanicus

Македонска (бела)мрена- Barbus macedonicus





Крап - Cyprinus carpio

Сребрен карас – Carassius gibelio





Скобуст, бојник - Chondrostoma vardarense

Мергур - Pachychilon macedonicum





Кркушка - Gobio bulgaricus

Тенкоопашеста кркушка - Romanogobio elimeius





Амурче – Pseudorasbora parva

Платиче - Rhodeus meridionalis





Клен, утман - Squalius vardarensis

Попадика, еѓупка - Vimba melanops





Штипалка - Cobitis vardarensis

Златна штипалка - Sabanejewia balcanica





Вретенушка - Barbatula barbatula

Вретенушка - Oxynoemacheilus bureschi





Сончаница - Lepomis gibbosus

Гамбузија – Gambusia affinis

Во текстот и при описот на видовите користена и прифатена е таксономската класификација на рибите по Kottelat 2007, така што досега користените латински називи имаат промени. Со цел да се избегнат забуни и недоразбирања, во Табела 5, споредбено се наведени називите на рибите на македонски јазик, латинските називи по Kottelat (2007) и останатите латински називи под кои соодветниот вид може да се сретне.


Во текстот се дадени основните биолошки карактеристики на значајните, од аспект на рекреативен риболов, видови риби кои ги населуваат водите за кои се однесува риболовната основа.
Табела 5. Квалитативно - квантитативен состав на ихтиопопулацијата на Брегалница со застапеност на поедини видови во проценти

Фамилија, вид според Kottelat 2007

синоними

народни имиња

PETROMYZONIDAE

  • Eudontomyzon mariae (Berg, 1931)




змиорка

CYPINIDAE

  • Gobio bulgaricus (Drencks), 1926

Gobio gobio(Linnaeus, 1758)

кркушка

  • Romanogobio elimeius (Kattoulas, Stephanidis & Economidis, 1973)

Gobio elimeuis, Gobio kessleri; Gobio urenoscopus

кеслерова кркушка

  • Barbus balcanicus (Kotlik, Tsigenopoulos, Rab & Berrebi, 2002)

Barbusmeridionalis; Barbus peloponnesius; Barbus petenyi

црна мрена

  • Barbus macedonicus Караман, 1928

Barbus barbus

бела мрена

  • Alburnoides bipunctatus (Bloch, 1782)




вардарка, гомнушка

  • Chondrostoma vardarense Караман, 1928

Chondrostoma nasus

скобуст, бојник

  • Pachychilon macedonicum (Стеиндацхнер, 1892)

Rutilus macedonicus

мергур

  • Squalius vardarensis Караман, 1928

Leuciscus ce cephalus

клен

  • Vimba melanops (Heckel, 1837)

Vimba vimba

попадика, еѓупка

  • Rhodeus meridionalis Караман 1924

Rhodeus amarus, Rhodeus серицеус

платиче

  • Pseudorasbora parva (Temmencj & Schlegel, 1846)




амурче, чебачок

  • Alburnus macedonicus Караман, 1928

Alburnus alburnus

белвица, плашка

  • Carassuis gibelio (Bloch, 1782)

Carassuis auratus

сребрен карас, бабушка

  • Cyprinus carpio (Linnaeus, 1758)




крап

COBITIDAE

  • Cobitis vardarensis Караман, 1928

Cobitus taenia

штипалка

  • Sabanejewia balcanica (Караман, 1928)

Cobitis aurata

златна, балканска штипалка штипалка штипалка

NEMACHEILIDAE

  • Barbatula barbatula (Linnaeus, 1758)

Nemacheilus barbatulus; Cobitis barbatula; Orthriasbatbatula

вретенушка

  • Oxynoemacheilus burechi (Drencks, 1928)

Nemacheilus bureschi, Nemacheilus angorae

вретенушка

SALMONIDAE

  • Salmo macedonicus Караман 1924

Salmo trutta; Trutta macedonica

македонска пастрмка

  • Onchorhynchus mykis (Walbaum, 1927)

Salmo gairdneri Salmo irideus

калиф. пастрмка

CENTRARHIDAE

  • Lepomis gibbosus (Linnaeus, 1758)




сончаница, сунчица

SILURIDAE

  • Silurus glanis Linnaeus, 1758




сом

ANGUILIDAE

  • Anguilla anguilla Linnaeus, 1758




јагула

POECILILIDAE

  • Gambusia affinis




гамбузија



Eudontomyzon mariae - Источна змиорка, змијулка

Опис и распространетост

Претставува слатководна форма на змијулка. Телото е најдебело некаде во првата половина од телото. Има 58-73 миомери. На јазичната плочка се наоѓаат 5-9 запчиња. Забите може да се тапи или остри. Возрасните единки имаат црн грб и светла долна страна на телото. Змиорката има долго змијолико тело, по што го добила името. На прв поглед личи на јагулата. Има 'рскавичен скелет. Телото е цилиндрично, а во опашниот дел (позади аналниот отвор) сранично благо сплескано. Телото позади главата е благо здебелено. Во тој дел, од двете страни се наоѓаат по седум шкржни отвори, бележани како црни точки. Телото нема лушпи. Од горната страна е темнокафеаво до темносиво, што зависи од средината во која престојува. Страните се со посветла нијанса, а стомачниот дел е жолтеникаво бел, со неправилни пеги. Парни перки немаат. Имаат непарен обраб од единствена перка на задната половина на телото. Возрасните имаат кружна уста, сместена на дното од предусна инка, која им служи за прицврстување на телото на рибите. По ѕидовите на инката и јазикот се распоредени ситни запчиња. Нема вилици како другите риби. Има еден носен отвор.


Змиорката е распространета во средна и северна Европа. Кај нас ги населува водите на Егејскиот слив. Жител е и на река Сатеска. Во Охридскот Езеро за прв пат е регистрирана од срана на рекреативни риболовци во 2000 година.
Основни биолошки карактеристики

Змиорката обично ги населува горните текови од реките и е стационарна.

Животниот циклус и се состои од повеќе одделни стадиуми: ембрионален, ларвен, стадиум на метаморфоза, јувенилен период и адултна форма. Ларвите се разликуват од возрасните единки. Тие се слепи, очите им се покриени со кожа и немаат заби. Змиорката скоро целиот живот го поминува во облик на лара, а само малку како адултна форма. Се мрести во март и април, при што исфрла 2000 до 7000 зрна икра. После мрестењето, во период од 2 - 3 месеци, змиорките умираат, а ретко може да се случи еден мал број да го преживее мрестот. Ларвите живеат зариени во песокот и се хранат со алги и детритус. Ларвениот стадиум трае 4 до 6 години. Преобразбата (метаморфозата) на ларвите започнува на есен и трае 4 - 5 недели. По ова на јувенилните единки им е потребно време од 9-10 месеци за да ја достигнат половата зрелост. Возрасните примероци имаат дегенериран дигестивен тракт и не се хранат, па како адултни форми имаат кус живот. Одма По метаморфозата се мрестат и потоа, во рок од неколку месеци умираат. Се мрестат во групи од по неколку стотини единки.
Змиулката достигнува максимална дожина од 30 см. Живее на дното, скриена под камењата или некоја друга препрека во водата.
Се храни со органски материи од животинско или растително потекло, цица телесни сокови од рибите залепена за нив, или храната ја бара на дното.
Значење

Нема никакво значење, ниту од стопански, ниту од аспект на рекреативен и спортски риболов.



Salmo macedonicus - Mакедонска пастрмка

Опис и распространетост

Главата е прилично долга и зашилена, устата е длабоко всечена; Горната вилица е тесна и достигнува до под задниот крај на окото. Ралото има двоен ред заби. Бојата на телото е карактеристична, потемна. Црвените флеки, присутни кај повеке салмониди, овде отсуствуваат. Наместо нив кај македонската пастрмка се сретнуваат темно црвени, до бордо, петна, густо расфрлени по телото, освен по грбот, каде сто воопшто ги нема. Достигнува маса и до неколку килограми. Официјален податок за максималните вредности за должина и тежина немаме. Во текот на 2003 година во акумулацијата Ратево уловивме примерок со должина од 79 цм и маса од 9,8кг. Во реката Треска во текот на 2009 година уловен е примерок со маса од 4,5кг. Сметаме дека максималните димензии и максималната тежина која може да ја постигне македонската пастрмка е многу над погоре споменататите вредности за должина и тежина.


Македонската пастрмка е автохтон и ендемичен вид на риба, карактеристичен за водите на Република Македонија. Се наоѓа распростанета во студените планински потоци и реки со чиста, бистра вода, богата со кислород. Ги населува горното течение на реката Вардар со притоките од горното течение, потоа горните текови на притоките од средното течение на Вардар, реките: Треска со притоките, Лепенец, Кадина Река, Пчиња со притоките, Тополка, Бабуна со притоките, Брегалница со притоките. Извесно е и нејзиното присуство и во реките Бошава и Дошница.
Основни биолошки карактеристики

За живот Македонската пастрмка бара песокливо и каменесто дно. Половата зрелост настапува во третата или четвртата година, кај машките може во втората. Плодноста изнесува 1000 до 2000 зрна икра по килограм телесна маса на женката. За време на периодот на мрестењето се јавува полов диморфизам. Машките добиваат поинтензивна боја, кај постарите примероци долната вилица се издолжува и куковидно се извива нагоре (навнатре), додека женските имаат силно набрекнат стомак, а околу половиот отвор се забележува надуеност и зацрвенување. Кај машките тој отвор е во вид на кон внатре вдлабната цепнатина.


Македонската пастрмка се мрести обично во периодот ноември-јануари, а зависно од термиката на водата (настапување на зимата), може да биде и порано, односно подоцна. Икрата ја исфрла на плитки места со силно струење на водата и на песочно-каменеста подлога, во која женката претходно со опашката направилна длапка (гнездо) со димензии 20-30 цм ширина и 15 цм длабочина. Веднаш потоа машката риба ја прелива икрата со млеч и по оплодувањето обете риби ја покриваат оплодената икра со камчиња за да ја заштитат.
Македонската пастрмка е примарен предатор, се храни со риби (особено покрупните примероци), потоа ларви од водени инсекти, инсекти кои паѓаат во водата и што летаат ниско над неа, икра од други риби, жаби, полноглавци, црви и.т.н.
Значење

Значајна е од аспект на рекреативен риболов. Македонската пастрмка е високо-атрактивен вид за риболов. Се лови со вештачки мамци (мушица, воблер, блинкери) како и со природни мамци од животинско потекло (ларви, црви и др.).

Како резултат на долгогодишната негрижа и масовното изловување со дозволени и недозволени риболовни средства популацијата и е значително намалена. Денес постојат водотеци во кои е потполно истребена. Од тие причини се прават исклучителни напори за нејзина ревитализација и за реинтродукција во водотеците каде некогаш живеела.
Onchorhynchus mykis - Калифорниска пастрмка (виножитна пастрмка)

Опис и распространетост

Формулата на перките е следна: Д ΙВ 9-14, А ΙΙΙ 10-13, П Ι 12,В Ι 8-9, на страничната линија (120) 125 до 160, а бројот на прешлени 61-63. Максималната должина изнесува до 1 м и маса до 20 кг. На ралото има една или две серии заби. Името го добила по посебното обојување долж средината на страните на телото, каде постои една Широка лента што се прелива во боите на виножитото. По целото тело, освен перките од долната страна на телото, има бројни црни флеки. Грбот е модро сив до маслинесто зелен или чисто темно зелен, зависно од условите на живот, страните се сиво сребренести, а стомакот е бел.


Центар на оформување на калифорниската пастрмка е сливот на реката Сакраменто во сојузната држава Калифорнија, во САД, на источниот брег на Пацифичкиот океан. Од таму е пренесена низ целиот свет и претставува главен објект на одгледување во ладноводните рибници, а и како спортско рекреативен објект во вештачките акумулации.
Основни биолошки карактеристики

Се мрести на две или тригодишна возраст, главно во периодот ноември-март, а и подоцна. Дијаметарот на икрата е околу 4 мм. Плодноста на женките е 500 до 2000 зрна икра. Ларвите се излупуваат по 330 до 400 степеноденови и имаат голема жолточна кеса. Младите имаат 11 до 13 големи темни флеки по страните на телото. Таа е одличен и брз пливач. Во природни услови се храни со ракчиња, ситни мекотели, ларви од инсекти, возрасни инсекти, црви, поситни ‘рбетници од водата и нивна икра.


Значење

Во нашата земја, како и во цел свет, има извонредно големо стопанско значење. Имено, таа е една од рибите кои интензивно се одгледува во ладноводните рибници ширум светот и кај нас. Има извонредно поволни производни својства. Со интензивна селекција создадени се линии со извонредно поволни и комерцијално профитабилни особини. Отпорна е на болести, лесно се размножува, интензивно расте, отпорна е на температурни промени. Денес постојат линии кои интензивно се исхрануваат и на релативно високи температури и над 25оС. Создадена е и линија со жолта боја, како злато (златна пастрмка), која е добро прифатена на пазарот и особено е барана.


Од аспект на рекреативен риболов е значајна во водотеците во кои постојат рибници каде се одгледува. Од нив редовно бега одредена количина на риби. Истата се лови од страна на рекреативните риболовци без ограничувања.
1   2   3   4   5   6   7


База данных защищена авторским правом ©shkola.of.by 2016
звярнуцца да адміністрацыі

    Галоўная старонка