Слив на брегалница




старонка1/7
Дата канвертавання24.04.2016
Памер1.16 Mb.
  1   2   3   4   5   6   7

РИБОЛОВНА ОСНОВА ЗА “СЛИВ НА БРЕГАЛНИЦА”- ПЕРИОД 2016 – 2022 ГОДИНА


РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ "Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ" ВО СКОПЈЕ

ИНСТИТУТ ЗА СТОЧАРСТВО

бул. "Илинден" бр. 92-а, Скопје тел.. ++389-02-306 51 20; 306 35 23;

факс. ++389-02-306 23 58




REPUBLIC OF MACEDONIA UNIVERSITY “Ss. CYRIL AND METHODIUS" IN SKOPJE

INSTITUTE OF ANIMAL SCIENCE

bul. “Ilinden” br. 92-a, Skopje



tel. ++389-02-306 51 20; 306 35 23;

fax. ++389-02-306 23 58


РИБОЛОВНА ОСНОВА ЗА РИБОЛОВНА ВОДА

СЛИВ НА РЕКА БРЕГАЛНИЦА”



ЗА ПЕРИОД 2016 - 2022



Скопје

Октомври 2015




УНИВЕРЗИТЕТ “СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ

ИНСТИТУТ ЗА СТОЧАРСТВО - СКОПЈЕ






Координатор:
Проф. д-р Васил Костов – Институт за сточарство - Скопје

Изведувачи:
Проф. д-р Родне Настова – Институт за сточарство Скопје
Проф. д-р Трајче Талески – Хидробиолошки Завод - Охрид
Проф. д-р Никола Панов – Природно-математички факултет - Скопје
Проф д-р Раде Русевски – Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје
Доцент д-р Милица Ристовска - Природно-математички факултет – Скопје
Доцент д-р Валентина Славевска – Стаменковиќ – Природно - математички факултет Скопје
Доцент д-р Катерина Ребок - Природно - математички факултет Скопје
М-р Душица Боева Илиќ – Хидробиолошки Завод – Охрид
М-р Зоран Спирковски – Хидробиолошки Завод - Охрид
Димче Мајковски - Македонска Риболовна Федерација
Миодраг Пешиќ - Македонска Риболовна Федерација


Октомври 2015


1. ПОДАТОЦИ ЗА РИБОЛОВНАТА ВОДА
1.1. Геогравска карта на сливно подрачје на реката Брегалница


1.2. Детален попис на сите риболовни води со нивните имиња
Риболовната основа се однесува за реката Брегалница од село Митрашинци до вливот на реката Брегалница во Вардар, како и за притоките на Брегалница
Риболовната основа се однесува и за сите мали и микроакумулации на територијата на сливното подрачје на реката Брагалница кои се во сопственост на државата, а се користат од различни субјекти за различни намени.
Рибите од овие води се даваат на концесија за организирање рекреативен риболов како составен дел на риболовниот ревир (профил), доколку со други закони не е поинаку уредено или доколку вршењето рекреативен риболов претставува пречка во изведувањето на работите и активностите за кои се примарно наменети.

2. ХИДРОГРАВСКИ И КЛИМАТСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
2.1. Должина, ширина и површина за сите протечни води
Брегалница по должина е најголема притока на Вардар. Извира под врвот Ченгино Кале на Малешевските Планини на надморска височина од 1.720 м, а во Вардар се влива меѓу селата Ногаевци и Уљанци, на надморска височина од 137 м. Средниот проток при утоката изнесува 28 м3/с (максимални протоци 640 м3/с, а при минимални коритото е суво). Има вкупна должина од 225 км, сливна површина од 4.307 км2 и релативен среден пад од 7‰. По спуштањето од Малешевските Планини каде Брегалница има мошне развиена изворишна челенка, таа најпрво тече низ Беровската Котлина во која има широк тек, доста е мирна но и акумулира значаен флувијален материјал. Кај с. Будинарци широчината на долината достигнува 500-600 м, а од с. Разловци веќе влегува во клисурестиот дел на Разловската Клисура долга 19,1 км. Во клисурата се јавуваат одредени ерозивни проширувања како она кај с. Митрашинци. По Разловската Клисура Брегалница тече низ Делчевско Поле во кое наталожува значајна количина на чакал и песок со што на одредени потези текот се разбива во неколку ракави. Во Пијанец и Малеш е горниот тек на р. Брегалница. Таа тука тече од југ кон север и има меридијански правец на протегање. Од вливот на Очипалска Река па до с. Истибања односно до влезот во Кочанската Котлина и понатаму до вливот во Вардар, Брегалница тече од исток кон запад и има напореднички правец. За ваквото нејзино свртување Б. Милоевиќ ќе напише: “Во текот на палеоген во долината на денешна Брегалница постоеле две удолини, горна, меридијанска и долна, напоредничка” (Милоевиќ, 1941). Подоцна, долната напоредничка долина со регресивна ерозија се соединила со горната меридијанска долина со што почнала да егзистира денешната долина на Брегалница. Тогаш всушност настанало поврзување на отоката на Кочанското Езеро со отоката на Пијанечкото Езеро.
Низ Истибањската Клисура, Брегалница тече во должина од 39 км. Во неа денеска е формирано езерото Калиманци од кое се наводнуваат околу 28.000 ха земјоделски површини во Кочанско и Овче Поле.
Во Кочанската Котлина Брегалница навлегува кај с. Истибања и низ неа тече речиси по средината и ја напушта кај с. Крупиште каде на запад од него изградила кратка сатеска. Низ котлинското дно Брегалница има рамнински карактер со просечен пад од само 1,8‰. Затрупувано со наносите на притоките и пороите коритото е плитко и непостојано поради што често доаѓа до изливање на водата.
Од Штипската Сатеска до вливот во Вардар, Брегалница тече низ млади палеогени и неогени седименти и коритото има меандриски облик. Тоа е пределот Слан Дол.
Во својот тек Брегалница прима 23 притоки подолги од 10 км. Од десната страна дотечуваат 10 притоки со вкупна должина од 241 км, а од левата страна 13 притоки со вкупна должина од 260 км. Долините на сите притоки, за разлика од долината на Брегалница која е полигенетска, се моногенетски. Тие се развиле како притоки на одделни езерски басени, а со истекување на езерото нивните води го продолжуваат својот тек и стануваат притоки на Брегалница. Во планинските предели долините им се длабоки и имаат облик на латинската буква В (В). Со усечувањето во некогашните езерски басени, долините им се проширувале, а долинските страни се намалувале. Денеска главно иамаат симетрични долински страни.
Десни притоки на Брегалница
Пехчевска Река.- Извира од Кадиица на планината Влаина на надморска височина од 1.460 м, а во Брегалница се влива под с. Смојмирово на 803 м надморска височина. Долга е 17 км, со површина на слив од 36 км2 и релативен пад од 38,6‰;
Желевица.- Извира исто така од Кадиица на планината Влаина на надморска височина од 1.580 м, а во Брегалница се влива кај с. Тработивиште на 637 м надморска височина. Долга е 20 км, зафаќа сливна површина од 112 км2 и релативен пад од 47‰;
Габровска Река.- Извира источно од врвот Острец на Осогово на надморска височина од 900 м, а во Брегалница се влива кај Делчево на 582 м надморска височина. Долга е 11 км, зафаќа сливна површина од 35 км2 и релативен пад од 28,9‰;
Очипалска Река.- Извира над с. Селник на Осогово на надморска височина од 880 м, а во Брегалница се влива кај с. Оче Поле на 570 м надморска височина. Долга е 10 км, со сливна површина од 27 км2 и релативен пад од 31‰;
Луковичка Река.- извира во месноста Кучевница на Осогово на надморска височина од 1.400 м, а во Брегалница се влива под с. Луковица на 480 м надморска височина. Долга е 11 км, има сливна површина од 22 км2 и релативен пад од 83,6‰;
Каменица - Извира под врвот Руен на Осогово на надморска височина од 1.840 м, а во Брегалница се влива под с. Каменица на 445 м надморска височина. Долга е 23 км, зафаќа сливна површина од 115 км2 и релативен пад од 60‰;
Оризарска Река или Масалница - Извира под Царев Врв на Осогово на надморска височиан од 1.510 м, а во Брегалница се влива над с. Мојанци на надморска височина од 320 м. Долга е 30 км, настанува од две реки Бела и Црна Река кои се соединуваат кај с. Речани. Зафаќа сливна површина од 133 км2 и релативен пад од 39,5‰;
Кочанска Река - Извира од јужната страна на Лопенско Било на Осогово на надморска височина од 1.630 м, а во Брегалница се влива над с. Чифлик на 295 м надморска височина. Има развиена изворишна челенка а главна притока и е Мала Река кај чии влив е изградена вештачката акумулација “Гратче”. Должината и изнесува 34 км, зафаќа сливна површина од 198 м2 и релативен пад од 39,3‰;
Злетовска Река - Извира од северната страна на Лопенско Било на Осогово на надморска височина од 1.620 м, а во Брегалница се влива под с. Уларци на 293 м надморска височина. Долга е 50 км и во својот тек прима повеќе притоки од кои најдолга е р. Белашица. Зафаќа сливна површина од 460 км2 и има релативен пад од 26,5‰;
Светиниколска Река - настанува од три реки Бериш, Караташ и Мавровица. Тие се соединуваат кај Свети Николе и оттука до селото Амзабегово водниот тек е познат како Светиниколска Река, од ова село па до вливот во Брегалница таа тече под името Азмак. Караташ извира од Градиште на Градиштанска Планина на надморска височина од 610 м. Азмак во Брегалница се влива југоисточно од с. Аџибегово на 203 м надморска височина. Светиниколска Река долга е 35 км, зафаќа сливна површина од 665 км2, што е најголема ваква површина меѓу сите притоки на Брегалница, но има сосема мал пад од само 11,6‰.
Леви притоки на Брегалница
Ратевска Река - Извира под врвот Бреза на Малешевските Планини на надморска височина од 1.440 м, а во Брегалница се влива под Берово на 803 м надморска височина. Зафаќа сливна површина од 138 км2 и има релативен пад од 31,1‰. Над с. Ратево во нејзиниот слив е изградена вештачката акумулација “Ратевско Езеро”;
Каменица - Извира под врвот Каменица во источниот дел на Плачковица на надморска височина од 1.100 м, а во Брегалница се влива над с. Будинарци на 768 м надморска височина. Долга е 12 км, зафаќа сливна површина од 37 км2 и релативен пад од 27,7‰;
Будинарска Река - Извира во месноста Грамадна на Плачковица на надморска височина од 1.300 м, а во Брегалница се влива под с. Будинарци на 752 м надморска височина. Долга е 10 км, со сливна површина од 19 км2 и релативен пад од 54,8‰;
Бигланска Река - Извира на северната страна од врвот Чавка на планината Голак на надморска височина од 1.380 м, а во Брегалница се влива во Истибањската Клисура на 532 м надморска височина. Долга е 10 км, има сливна површина од 15 км2 и релативен пад од 84,8‰, најголем меѓу сите притоки на Брегалница;
Заровец - Извира од северните падини на врвот Оси Кат на Голак на надморска височина од 1.100 м, а во Брегалница се влива во Истибањската Клисура на 592 м надморска височина. Долга е 10 км, зафаќа сливна површина од 28 км2 и има релативен пад од 59,8‰;
Осојница - Извира од Струмички Рид на Плачковица на надморска височина од 1.260 м, а во Брегалница се влива под с. Јакимово на 345 м надморска височина. Долга е 32 км, зафаќа сливна површина од 327 км2 и има релативен пад од 28,6‰. Има развиена изворишна челенка која ја чинат повеќе реки како Калуѓерица, реката Лаки и Барбошница, а потоа прима неколку притоки меѓу кои позначајни се Сушица, Драгобрашка Река и Блатешница;
Градешка Река - Извира под врвот Козбран на Плачковица на надморска височина од 1.600 м, а во Брегалница се влива кај с. Прибачево на 331 м надморска височина. Долга е 18 км, сливот опфаќа површина од 32 км2 и има релативен пад од 70,5‰;
Зрновска Река - Извира од западните падини на врвот Козбран во Бачалија на Плачковица на надморска височина од 1.420 м и од почетокот тече кон запад под името Уломија, а потоа свртува кон север под името Зрновска Река и во Брегалница се влива непосредно до патот Кочани- Зрновци на 325 м надморска височина. Долга е 23 км, зафаќа сливна површина од 70 км2 и има релативен пад од 47,6‰;
Река Плачковица - Извира од западните падини на врвот Црквиште на Плачковица на надморска височина од 1.540 м, а во Брегалница се влива кај с. Крупиште на 287 м надморска височина. Долга е 18 км, има сливна површина од 40 км2 и релативен пад од 69,6‰. Во горниот тек го носи името Туртелска Река;
Козјак - Извира под врвот Јајла на Плачковица на надморска височина од 960 м, а во Брегалница се влива кај с. Карбинци на 280 м надморска височина. Долга е 22 км, има сливна површина од 60 км2 и релативен пад од 30‰;
Сува Река - Извира во областа Јуруклук на Плачковица на надморска височина од 820 м, а во Брегалница се влива кај с. Долни Балван на 276 м надморска височина. Има сливна површина од 70 км2 и релативен пад од 23,6‰;
Отиње - Извира од Црни Врв на надморска височина од 780 м, а во Брегалница се влива кај Штип на 262 м надморска височина. Долга е 16 км, зафаќа сливна површина од 52 км2 и има релативен пад од 32,4‰;
Крива Лакавица - е последна поголема лева притока на Брегалница. Извира јужно од с. Д. Липовик на надморска височина од 570 м, тече во правец ЈЈИ- ССЗ и кај селото Софилари се влива во Брегалница на 251 м надморска височина. Должината на текот изнесува 42 км, а во однос на протоците има карактеристики на порои: преку лето пресушува, а при поројни дождови нивото нараснува и до 2 м и водата се излива од коритото, правејќи огромни штети на околното обработливо земјиште. Зафаќа сливна површина од 425 км2, но има мал пад од само 7,6‰. Во теснината Мантово изградена е вештачката амумулација Мантовско Езеро.
2.2. Длабочина и површина за сите стоечки води
Ваштачки езера
Езеро Калиманци.- Изградено е во 1969 година на реката Брегалница во Овчеполско-истибањската Клисура. Основната намена е за наводнување на околу 28.000 ха главно оризови полиња во Кочанската Котлина. Вишокот на вода се користи за производство на електрична енергија.

Податоците за ова вештачко езеро се обработени во посебна риболовна основа.


Ратевско Езеро.- Изградено е во 1971 година на Ратевска Река на 6 км југоисточно од Берово. Браната е лачно-бетонска со височина од 46 м, должина на круната од 200 м, а се наоѓа на кота од 1.000 м надморска височина. Езерото е долго 2,5 км, широко 0,5 км и зафаќа површина од 0,57 км2. Во него се акумулирани 10,5 милиони м3 вода која се користи за водоснабдување, наводнување на околу 3.000 ха земјоделско земјиште во Малешево и за комерцијално одгледување на риби.
Езеро Градче.- Изградено е во 1959 година на Кочанска Река кај с. Долно Градче на 6 км северно од Кочани. Браната е армирано-бетонска висока 32 м, со должина на круната од 150 м и кота од 467 м надморска височина. Езерото е долго 3,5 км, широко 0,2 км, со најголема длабочина од 29 м. Површината на акумулацијата изнесува 0,19 км2 со зафатнина од 2,4 милиони м3 вода која се користи за водоснабдување на населението од Кочани и наводнување на околу 576 ха обработливо земјиште во Кочанско Поле.
Езеро Мавровица.- Изградено е на реката Мавровица, лева притока на Светиниколска Река, во атарот на с. Орел, 10 км северно од Св. Николе. Браната е земјено-насипна со височина од 29 м, должина на круната од 389 м и широчина од 3 м. Вкупната зафатнина на езерото изнесува околу 3,2 милиони м3 вода, наменета за водоснабдување на населението од Св. Николе.
Бањи
Кочанска Бања.- Лоцирана е кај селото Бања западно од Кочани. Во Кочанската Котлина се јавуваат три термоминерални извори- кај село Бања, кај с.Долни Подлог и кај с. Истибања. За здравствено-рекреативни цели се користи само водата од изворот кај селото Бања, додека водата од вториот и третиот извор се користи за затоплување на оранжерии. Изворите во с. Бања и Долни Подлог се наоѓаат во директна хидраулична врска односно се наоѓаат на иста раседна дислокација. Резервоарот им се наоѓа во палеозојски карбонатни шкрилци и мермери. Изворот пак кај Истибања има самостоен резервоар кој лежи во гнајсеви и гранити.
Штедроста на хидротермалниот систем Бања-Подлог, кај с. Д. Подлог изнесува околу 300 л/сек и има температура од 70-80Ц. Јачината на водата во изворот во с. Бања е помала и изнесува 30 л/с и има температура од 54Ц. По хемиски состав таа е магнезиумско-хидрокарбонатна вода. Водата во бањата се користи за здравствено-рекреативни цели а од дупнатината во Долни Подлог за затоплување на оранжериите во близината на Кочани.
Штипска Бања- Кежовица.- Се наоѓа под Ново Село- Штипско од десната страна непосредно до реката Брегалница. Геолошката градба на теренот ја чинат терциерни седименти, а резервоарот на термоминералната вода се наоѓа во јурски испукани гранити. Бањата денес користи вода од два плитки бунара во количина од 4,5 л/с и температура од 60Ц. По хемискиот состав спаѓа во групата на сулфурно-радиоактивни води. Со радиоактивност од 42 махови единици се смета за најрадиоактивна бања во Македонија.
2.3. Основни климатски карактеристики на географското подрачје
Ова подрачје има комбинирана субмедитеранска и источноконтинентална клима под влијание на изменето-средоземноморска клима. Областа е заштитена од директно влијание на северните воздушни маси со планинскиот масив Осогово, а од директните јужни влијанија со планинскиот масив Плачковица. Просечната годишна температура изнесува околу 13 °С, а просечната летна температура изнесува 22,5 °С. Континенталните климатски влијанија овде се изразуваат и преку појавите на ниски температури во текот на зимските месеци. Во топлиот дел од годината во овој предел се јавуваат прилично екстремно високи температури на воздухот. Просечните врнежи изнесуваат 538 мм. годишно.

3. ОСНОВНИ ФИЗИЧКО - ХЕМИСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Боја, мирис, температура, провидност, киселост, електрична спроводливост, содржина на хлор, заситеност со кислород, вкупен јаглерод диоксид, нитрати, амоњак, фосфати, силикати.
Според намената, согласно уредбата за класификација на површинските водотеци, квалитетот на водите во Република Македонија се изразува преку четири категории и тоа:
I класа- води што во природна состојба можат да се употребуваат за пиење со дезинфекција, за производство на прехранбени производи и за одгледување на благородни риби;

II класа- води што можат да се користат за капење и рекреација, за одгледување други видови риби и кои со механичко пречистување се користат за пиење и одржување на хигиената;

III класа- води што може да се користат за наводнување, а со соодветно пречистување да се користат и за снабдување на индустријата;

IV класа- води што мора да се пречистуваат за да може да се користат и тоа со ограничена намена.
Табела 1. Основни физичко-хемиски карактеристики на Река Брегалница на профилот - Долни Балван

Параметар

IV

V

VI

VII

VII

X

XI

XII

I

вистинска боја

5

5

5

10

2,5

5

/

5

10

месечна температура

11,6

13

16

21

17,6

13,8

12,6

9

8,6

pH

7,55

7,46

7,79

7,82

/

7,93

7,51

7,88

8,03

алкалитет (мЕљ/Л)

1,55

0,07

0,05

0,2

0

0

0

0

0,1

вкупна тврдост (dH)

6,04

6,59

7,54

13,3

14,14

11,49

9,76

10,81

11,25

карбонатна тврдост (dH)

0

2,2

3,8

7,8

8,32

6,25

5,91

6,37

6,35

некарбонатна тврдост (дХ)

6

4,4

3,77

5,5

5,8

5,2

3,9

4,44

4,9

растворен кислород O2 (mg/L)

10,04

9,06

8,29

9,59

9,7

9,66

9,03

10,6

12,54

БПК5 (мг/Л О2)

7,34

9,4

8,1

8

3,9

3,08

9,9

6,3

4,7

амониум - (mg/L)

0,234

0,197

0,216

0,073

0,224

0,369

0,324

0,453

0,507

нитрити (mg/L)

0,016

0,024

0,057

0,017

0,013

0,073

0,219

0,041

0,037

нитрати (mg/L)

0,529

1,657

1,39

0,576

0,525

1,884

3,32

2,11

2,01

бикарбонати (mg/L)

82,4

-227

146

-475

-579

-219

-421

-439

-421

фосфати (mg/L)

0,092

0,107

0,098

0,089

0,041

0,062

0,161

0,118

0,18

сулфати - (mg/L)

40,15

40,52

43,53

54,19

53,03

64,49

49,35

46,1

50,95

карбонати (mg/L)

6

114

/

240

285

195

207

216

210

хлориди (mg/L)

10,8

8,1

9,4

12

11

13,2

13,2

13,9

13,68

Na Cations (mg/L)

11,8

13,2

17,21

42

24,82

22,6

28,86

24,81

24,72

K Cations (mg/L)

2,7

5

3,52

5,7

4,5

3,8

4,83

4,29

4,128

Ca Cations (mg/L)

29,46

32,41

38,54

67,19

70,44

60,91

47,8

54,56

56,98

Mg Cations (mg/L)

8,34

8,94

9,35

16,89

18,66

12,4

13,39

13,84

14,31

Fe (mg/L)

118

/

97

/

54

23

41

224

316

Mn (mg/L)

33

13

80

/

377

155

123

203

259

Pb (mg/L)

/

/

/

0,67

4,13

/

7,74

1,19

1,02

Zn (mg/L)

20,7

13,1

9,7

1,3

1,2

3,1

/

/

134

Cd (mg/L)

/

35

0,039

0,07

/

0,216

0,139

0,107

1,349

Cr Total - VI (mg/L)

0,28

0,08

0,55

/

/

/

/

0,013

0,15

*Податоците се превземени од официјалната web страна на УХМР за периодот 04.2006-03.2007 година.

Табела 2. Основни физичко-хемиски карактеристики на Река Брегалница на профилот - Убого

Параметар

IV

V

VI

VII

VII

X

XI

XII

I

вистинска боја

5

5

2,5

10

7,5

2,5

/

/

/

месечна температура

12,7

15

18

23,6

18,7

11,9

8,8

/

/

pH

7,67

7,9

8,06

8,21

/

8,14

7,83

/

/

алкалитет (mEq/l)

2,2

0,1

0,1

0,35

0,25

0,25

0

/

/

вкупна тврдост (dH)

7,68

8,11

10,23

14,6

13,03

12,78

9,5

/

/

карбонатна тврдост (dH)

3

3,07

3,5

9,4

5,13

5,17

5

/

/

некарбонатна тврдост (dH)

4,7

5

6,73

5,2

7,9

7,6

4,5

/

/

растворен кислород O2 (mg/L)

9,34

8,77

7,7

8,07

9,2

10,08

10,05

/

/

БПК5 (mg/L О2)

8,88

10,2

10,6

7,1

7,4

7,1

7,94

/

/

амониум - (mg/L)

0,176

0,112

0,024

0,143

0,08

0,106

0,12

/

/

нитрити (mg/L)

0,02

0,013

0,027

0,018

0,007

0,025

0,029

/

/

нитрати (mg/L)

0,685

0,631

1,489

2,094

1,417

2,952

3,038

/

/

бикарбонати (mg/L)

48,8

-268

293

-497

-533

-475

-341

/

/

фосфати (mg/L)

0,216

0,265

0,595

0,55

0,832

0,622

0,562

/

/

сулфати - (mg/L)

41,96

41,41

67,84

81,39

74,67

79,03

64,02

/

/

карбонати (mg/L)

42

135

/

255

270

222

168

/

/

хлориди (mg/L)

13,3

10,7

14,6

17,5

17,7

22,1

16,7

/

/

Na Cations (mg/L)

17,24

19,7

30,46

28

36,2

34,2

29,7

/

/

K Cations (mg/L)

2,92

4,52

30,46

4,22

4,15

6,06

4,83

/

/

Ca Cations (mg/L)

35,33

37,32

50,1

67,19

61,51

64,21

44,12

/

/

Mg Cations (mg/L)

11,91

10,73

14,03

22,71

19,26

16,53

14,5

/

/

Fe (mg/L)

94

/

23

/

18

22

86

/

/

Mn (mg/L)

8

13

5

120

1

14

4

/

/

Pb (mg/L)

0,91

/

/

/

/

/

8,85

/

/

Zn (mg/L)

17,4

13,1

2,3

2,2

/

2,7

/

/

/

Cd (mg/L)

/

0,35

0,02

0,015

/

0,238

0,147

/

/

Cr Total - VI (mg/L)

0,26

0,08

0,62

/

/

/

0,82

/

/

*Податоците се превземени од официјалната web страна на УХМР за периодот 04.2006-03.2007 година.
4. ОСНОВНИ БИОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
4.1. Состав структура и застапеност на поедини видови макрофити, како и процент на покриеност на истражуваната маса
На одредени места по должина на речното корито се развиваат состоини од рипарска вегетација, а на одредени места халофитска вегетација. Во оние делови од реката каде што има забавен тек се забележува интензивен развој на макрофитска вегетација и силна обраснатост на подлогата со субмерзна вегетација. Една од можните причини за ваквата појава во одредени делови по должината на речното корито е оптоварувањето на водотекот со отпадоци од земјоделски производи (комиње во фаза на распаѓање).
4.2. Доминантен вид и биомаса на фитопланктон и зоопланктон
Планктонски организми, независно дали станува збор за фито или зоопланктон, во прав смисол на зборот, во нашите реки нема од причина што не постојат услови за нивен равој и живот. Планктонски организми се појавуваат во одредени случаи, во облик на потамопланктон и тоа на определени забарени, стоечки, делови од тековте на реките. Ваквите планктонски заедници не даваат слика за екосистемот и немаат никакво значење.
Во реките како примарни продуценти се појавуваат алгите и тоа во облици на бентосни форми и на определени делови макрофитската вегетација.
4.3. Биомаса, состав и застапеност на поедини видови на мaкрозообентос
За сливното подрачје на реката Брегалница во литературата постојат податоци кои главно се однесуваат на квалитативниот состав на пролетниците (Plecoptera) од Пехчевскиот поток (Икономов, 1976), водените молци (Trichoptera) од Зрновска Река (Арсов, 1991), вилинските кончиња (Odonata) по течението на Брегалница (Китанова и сор., 2008), како и на олигохетите од изворишниот регион на реката Брегалница сé до акумулацијата Калиманци (Славевска-Стаменковиќ и сор., 2010). Сепак, овие податоци се однесуваат на разнообразието во рамките на споменатите групи на бентосни животни и немаат големо значење во проценка на количините на храна за рибната фауна.
Квалитативно-квантитативна анализа е извршена единствено на олигохетите и хирономидите од вливот на Брегалница во Вардар (Ангеловски, 1990; Шапкарев и Вагнер, 1990), како и од вливот на реката Крива Лакавица во акумулационото езеро Мантово (Славевска-Стаменковиќ, 2007).
Просечните густини (инд/м2) на олигохетите и хирономидите анализирани по одделни подлоги (камен/тиња) од вливното подрачје на Брегалница, се дадени во Табела 3 (според Ангеловски, 1990 и Шапкарев и Вагнер, 1990). Јасно се забележува дека и двете подлоги се густо населени со олигохетни и хирономидни претставници (камен - 1428.8 инд/м2; тиња - 6428.4 инд/м2). Овие резултати укажуваат на постоење на значително големи количини на храна за бентофагните и омниворните претставници на риби од вливното подрачје на реката Брегалница.
Табела 3. Квалитативен состав на бентосната заедница и квантитативна анализа на Oligochaeta и Chironomidae по одделни подлоги од вливот на реката Брегалница во Вардар.

ГРУПИ

Камен (инд/м2)

Тиња (инд/м2)

OLIGOCHAETA







Encehstraeidae (недетерминирани)







Naididae







Ophidonais serpentina

67.0

22.2

Nais elingyus

345.3

277.5

Nais bretscheri

173.4

155.4

Dero obmysa

60.1

33.3

Pristina rosea

209.4

166.5

Tubificidae







Tubifex tubifex




244.2

Limnodrilus hoffmeisteri

44.4

829.8

Limnodrilus udekemianus




410.7

Tubificidae spp.juv.




266.4

Oligochaeta (O) prosek (ind/m2)

899.6

2406

CHIRONOMIDAE







Ablabesmya monilis

2.3




Krenopelopia binotata




11.1

Procladius nigriventris

11.5




Natarsia punctata

9.2




Yavrelimya melanura

6.9




Tanzpes villipennis




2.2

Diamesa unsugnipes

9.2




Cricotopus algarum

13.8




Cricotopus bicinctus

34.5

22.2

Cricotopus fuscus

11.5




Eukiefferiella hospita

259.8

443.7

Eukiefferiella quadridentata




88.8

Eukiefferiella oxiana

2.3




Limnophies transcaucasicus

4.6




Microcricotopus bicolor




11.1

Orthocladius saxicola

29.9

11.1

Rheocricotopus halibeatus

46.0

33.3

Chironomus thummi




22.2

Criptochironomus defectus

4.6

380.0

Criptotendipes nigronitens




44.4

Harnischia burganadze

2.3

88.8

Polypedilum convictum

2.3

11.1

Polypedilum scalaenum

2.3

2774.7

Polypedilum tetracrenatum




11.1

Cladotanytarsus H-4

2.3




Cladotanytarsus H-7

11.5




Paratanytarsus confusus

25.3




Tanytarsus arduenensis

34.8

44.4

Tanytarsus longipes

2.3

22.2

Chironomidae (C) prosek (ind/m2)

529.2

4022.4

Просек (О+Ц) (инд/м2)

1428.8

6428.4
  1   2   3   4   5   6   7


База данных защищена авторским правом ©shkola.of.by 2016
звярнуцца да адміністрацыі

    Галоўная старонка